Дома Трансфер зона Уште еден проблем во Минхен: И Ноер одбил да го продолжи договорот

Уште еден проблем во Минхен: И Ноер одбил да го продолжи договорот

Роберт Левандовски веќе јавно соопшти дека не сака да го продолжи договорот со Баеерн кој истекува на крајот на идната сезона, полскиот голгатер сака уште ова лето да ја промени сезоната. Нови проблеми во Минхен може да има со Мануел Ноер.

Капитенот и незаменливиот помеѓу стативите ја одбил понудата за нов договор, објави германски „Кикер“. Договорот на Ноер исто така истекува летото 2023 година. Според информациите Ноер не бил задоволен од должината на соработката која му била понудена.

„Кикер“ пренесува дека добил понуда за продолжување на договорот за една година, до 2024, а искусниот голман сака договор на барем три години. Од друга страна во Баерн сметаат дека во наредните години може да опадне квалитетот на Ноер и не се спремни да му понудат долгорочна соработка.

Со Баерн Ноер освои дури 27 трофеи, два пати ја освојуваше Лигата на шампионите, го освои и Светското првенство во Бразил во 2014 година. Сепак, за Германците е познато дека не се премногу сентиментални, кај нив најмногу се почитува тоа што си во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бернардески ги шокира сите со изборот на нов клуб

Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески е слободен агент откако му заврши догов…