
Жозе Мурињо откри дека лично разговарал со Родри неколку пати, но почувствувал сомнежи кај Шпанецот, што го поколебало и самиот специјалист во врска со тоа дали сака да го ангажира носителот на “Златната топка” во Реал Мадрид. На крај, светскиот шампион со Шпанија одбра да ја продолжи својата кариера во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еве што рече Мурињо во “Ел Чирингито” за неуспешниот трансфер на Родри на “Сантијаго Бернабеу”:
“Не, Родри нема да ми недостига. Имаме решенија, имаме квалитет, имаме играчи кои можеби се оценувани за тоа што го правеле досега, но ми е мило да мислам дека имам способност да ги направам фудбалерите подобри. Утре еден играч може да биде поинаков од тоа што е денес.
Да, разговарав неколку пати со него и Реал му направи многу добра понуда. Мислам дека клубот има многу добри односи со Манчестер Сити. Клубот се поврза со Родри и му направи голема понуда, без да почне разговори со Сити. Родри имаше сомнеж, а неговите сомнежи создадоа сомнежи и кај мене. Тој е извонреден играч и беше многу коректен со нас, не можам да кажам ништо лошо. Но, Реал Мадрид е од таква димензија што не може да има фудбалери кои се премислуваат. Поврзуваш се со него и играчот веднаш те прашува: “Кога треба да тргнам?”. Тоа е концептот. Родри беше многу коректен со нас. Му посакувам успех”, изјави Мурињо.