
Португалскиот стратег Жозе Мурињо вчера беше официјално претставен како новиот/стариот тренер на Реал Мадрид.
Во интервју за El Chiringuito веднаш по потпишувањето на договорот кој ќе важи до 2029 година, тој зборуваше за многу теми, а во еден момент се осврна и на случајот Негрера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Случајот Негрера ја опфаќа контроверзната сума од околу 8,4 милиони евра која Барселона ја исплатила на поранешниот потпретседател на Техничкиот судиски комитет, Жосе Марија Енрикез Негреира, во периодот од 2001 до 2018 година. Овој случај моментално е предмет на судска истрага.
Негреира претходно изјавил дека парите од Барселона биле дадени за, според неговите зборови, “за да може да суди неутрално”.
На прашањето на водителот за случајот Негреира, Мурињо одговори: “Кога бев во првиот мандат тука, веќе почувствував дека нешто не е како што треба”, рече тој.
Да потсетиме, првиот тренерски мандат на Мурињо во Реал Мадрид беше од 2010 до 2013 година, што се вметнува во периодот кој е релевантен за случајот Негреира.