Ромелу Лукаку ќе може да игра против Јувентус во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија, откако Федерацијата му ја укина суспензијата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во соопштението на федерацијата се вели дека однесувањето на Лукаку е мотивирано од расистичкиот однос на навивачите на клубот од Торино. Суспензијата на белгискиот напаѓач е наречена „мерка за борба против сите форми на расизам“.
Лукаку даде гол во 95-та минута, а потоа со прстото на нос гледајќи кон домашните навивачи го прослави голот. Судијата му покажа втор жолт картон поради провокација на фановите.
Реваншот меѓу Интер и Јувентус ќе се одигра на 26 април, а Лукаку ќе биде во комбинација за овој дуел.