На општо изненадување Томас Тухел денеска доби отказ во ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неколку месеци откако ги однесе Парижаните до финале на ЛШ, германскиот тренер е приморан да ги спакува куферите.
Иако доби отказ, заминувањето од Париз Тухел одлично ќе го наплати бидејќи ПСЖ за преостанатите шест месеци од договорот ќе му исплати дури седум милиони евра.
Инаку, ова не е блиску до сумата која ПСЖ ја исплати на Лоран Блан пред четири години кога Французинот доби отказ.
Блан во јуни 2016. година потпиша двегодишен договор, а неколку месеци подоцна доби отказ па на крајот му беа исплатени дури 22 милиони евра.