Дома Македонски спорт Мак фудбал Трифун Костовски: ФК Вардар не е за мене

Трифун Костовски: ФК Вардар не е за мене

Македонскиот бизнисмен кој во минатото често пати беше вклучен во спортот Трифун Костовски беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што зборуваше и за неговата кариера во Кометал, Работнички, Вардар…

На едно од прашањата Костовски објасни зошто во минатото одлучил да се откаже од раководењето со Вардар по само една по


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Вардар беше една лоша приказна од каде што заминавме по првата полусезона иако го исплативме да опстои до крајот на годината. Кога моите фудбалери ги тепаат на Стража од политички побуди, тоа не беа вистински навивачи, одлучив да си заминам сфатив дека тоа место не е за мене.

Станува збор за натпреварот против Напредок во Кичево, претходно Вардар по пет кола имаше 15 бода. Изгубивме 1:0 од Македонија Ѓорче Петров и на гости кај Напредок водевме 1:0 до 87-минуа.

Бардо кој беше бек во тоа време беше удиран од „Комитите“ со предмети од страна. Во 87-минута примивме гол и натпреварот заврши 1:1. Автобусот беше запрен на Стража и да ги претепаат, посебно ми е жал за еден фудбалер од Србија. Навистина не можам да разберам како едни навивачи си ги тепаат своите играчи.

Помеѓу „Комитите“ има чесни навивачи, но на Вардар денес му треба стратегија и пари. Денес има долг над 3 ипол милиони евра“, изјави помеѓу другото Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…