Дома Трансфер зона Трите желби на Барса за наследник на Левандовски: Една е (не)возможна мисија!

Трите желби на Барса за наследник на Левандовски: Една е (не)возможна мисија!

Шпанските медиуми најавуваат дека Барселона полека се подготвува за живот без Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач во 2025 година ќе наполни 37 години и веројатно договорот ќе му биде автоматски продолжен до 2026 година, но и покрај тоа Барселона веќе размислува за негова адекватна замена.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Каталонскиот „Спорт“ денеска пренесува дека Лапорта има три опции. Првата е Ерлинг Халанд, а потоа следат Виктор Ѓекереш и Бенџамин Шешко.

Норвежанецот од поодамна е желба на Лапорта, но проблемите со финансиите ја спречуваат Барселона посериозно да тргне по неговиот потпис. Халанд е еден од најплатените во светот и покрај тоа Арсенал ќе мора да плати над 120 милиони евра, а тука се и бонусите за потпис.

Ѓекереш и Шеко се објективно по реални мети. Швеѓанецот со унгарско потекло има 26 години и експлодираше минатото лето кога пристигна од Ковентри во Спортинг и од тогаш на 57 натпревари постигна 52 гола и подели 18 асистенции. Неговиот договор е со важност до 2028 година.

Шешко и претходно се поврзуваше со Барселона, но тогаш одлучи да потпише нов договор со Лајпциг. Тој има посебна клазула која ќе расте во склад со неговиот учинок, меѓутоа таа нема да помине 70 милиони евра што е можеби најприфатливо за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ тргнува по ѕвездата на Њукасл

ПСЖ сака да доведе врвен напаѓач, а прв на листата желби е ѕвездата на Њукасл, Александер …