„Спортмедиасет“ пишува дека супер-агентот Жорге Мендеш подготвува трансфери со кои ќе бидат инволвирани Реал Мадрид, Интер и Лацио. Доколку се реализираат овие трансфери со сигурност ќе се промени фудбалската карта на Европа.
Имено, Лука Модриќ е една од главните теми во спортските медиуми и се погласно се шпекулира за негов трансфер во Интер. Медиумот тврди дека токму Мендеш ќе помогне во реализација на трансферот на Хрватот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во целиот „триаголник“ Сергеј Милинковиќ-Савиќ треба да заврши во Реал Мадрид како замена за Модриќ, додека Жоао Марио да пристигне во Лацио како замена за Србинот.
Ако успеат плановите на Мендеш, Модриќ ќе се пресели во Интер за 50 милиони евра, Жоао Марио ќе замине во Лацио за 35 милиони, а Реал ќе го добие српскиот репрезентативец за 120 милиони евра.
Ова во моментов изгледа како теорија, но Мендеш веќе работи да го проведе во практика, а кога е португалскиот агент во прашање не постојат граници.
Jorge Mendes wants Real Madrid to buy Milinkovic-Savic. Lazio would replace Milinkovic-Savic with Joao Mario. Inter would sign Modric. Everybody is happy. pic.twitter.com/E4VxxZL9pG
— Raffaele (@ItalianoCalcio) August 4, 2018