Tренерот на Абердин, Џим Гудвин зборуваше за македонскиот фудбалер, Бојан Миовски кој одлично започна во шкотскиот шампионат и постигна два гола на дебито во Премиер лигата.




Гудвин верува дека Македонецот чекори по вистински пат да стане ѕвезда во шкотското првенство.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Не сум опредил некоја бројка за голови, сакам да продолжи да игра со истиот начин со кој играше до сега и да влегува во вистинските зони колку што може повеќе. Имаше многу шанси на првиот натпревар и искористи две. Верувам дека ако ги користи 50% од шансите ќе постигнува многу голови. Се надевам тој ќе биде следната „деветка“ на Македонија“.




„Миовски сака да биде лидер и на националниот тим, а не само дел од него, истото важи и за тука во Абердин. Вложивме солидна сума во Бојан и верувам дека луѓето гледаат зошто го направивме тоа“, изјави Гудвин.




За потписот на Миовски Абердин плати 500.000 фунти.