Дома Топ вести Трансфери во живо: Клоп сака „кралско“ засилување, Меси ја ОДБИ Барса, пристигна понудата за Дембеле…

Трансфери во живо: Клоп сака „кралско“ засилување, Меси ја ОДБИ Барса, пристигна понудата за Дембеле…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Јувентус и Баерн Минхен во последно време градат добри и односи и веќе раземнија неколку фудбалери, последен во низата беше Даглас Коста кој од Баерн премнува во Јувентус, а сега „старата дама“ се обидува да го доведе и Жером Боатенг. (ОВДЕ)

– Светски познатата компанија за спортска опрема „Адидас“ веројатно ја откри новата „десетка“ на Манчестер Јунајтед, а тоа е Златан Ибрахимовиќ.  (ОВДЕ)

– Во финишот од преодниот рок големите градски ривали, Интер и Милан, ќе водат голема борба за доведување на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Мор(ОВДЕ)

– Иако се споменуваше Андреа Ранокија екипата на Лацио како замена за Весли Худ кој оди во Саутемптон би можела да го доведе фудбалерот на Аугусбург, Мартин Хитенбергер.

– БОМБА во најава. „Газете Дело Спорт“ пренесува дека Монако одлучил во случај на продажба на Килијан Мбапе, парите да ги искористи и за доведување на фудбалерот на Торино, Андреа Белоти.

– Oд Франција ни пристигнуваат по малку изненадувачки информации. Наводно, Олимпик Марсеј е спремен да доведе напаѓач, а на нивниот список се најдоа имињата на: Диего Коста, Ентони Марсијал, Муса Дембеле и Венсан Абубакар.

– После заминувањето на Нејмар, Барселона би можела да остане и без фудбалерот кој стана симбол на „Ноу Камп“. Андрес Иниеста. Тој во изјава за шпанските медиуми призна дека размислува за својата иднина, бидејќи клубот сеуште не му понудил нов договор. Интерес за Иниеста претходно покажуваше италијанскиот гигант, Јувентус.

– Покрај интересот за Иниеста, Јувентус покажува и интерес за фудбалерот кој Барса им го „украде“ минатото лето, Андре ГомешПортугалецот не е задоволен од својот статус во клубот и сака клуб каде што би можел да биде стандарден.

– НОВА ПОНУДА: Екипата на ПСЖ испрати нова понуда за услугите на Килијан Мбапе. Клубот од Париз покрај сумата од 140 милиони е спремен во Монако да го испрати и Бразилецот, Лукаш Моура. (ОВДЕ)

– Официјално: Милан Калиниќ е нов фудбалер на Милан (ОВДЕ)

– Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп е спремен да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ (ОВДЕ).

– ШОК во Барселона, Лионел Меси одби да потпише нов договор. Како што пренесуваат каталонските медиуми, Аргентинецот не е задоволен од работењето на управата на шпанскиот гигант.(ОВДЕ)

– Стеван Јоветиќ кој не е во плановите на Лучијано Спалети би можел да заврши во Премиер лигата, како последен во низата англиски клубови кои покажаа интерес за неговите услуги е Брајтон, претходно се обидуваат Њукасл и Барнли, но Црногорецот ги одби нивните понуди.

– Фудбалерот од редовите на Јувентус, Стефан Лихштајнер најверојатно ќе остане во редовите на италијанскиот шампион откако пропадна неговиот трансфер во Ница.

– Кога веќе не успеаа да го доведат Кутињо, Барселона испрати официјална понуда на адреса на Борусија Дортмунд, имено каталонците за услугите на Дембеле понудиле 130 милиони плус 20 како бонуси.

– Иако Антонио Конте сака да се ослободи од Мишел Батшуаи за кого Лил понуди 40 милиони евра, Белгиецот ја одби понудата на францускиот клуб.

– Фудбалерот на Барселона, Мунир Ел Хадади би можел да направи трансфер во Премиер лигата сериозен интерес за овој фудбалер покажа екипатан а Кристал Палас.

– 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…