Дома Фудбал Италија ОФИЦИЈАЛНО: Калиниќ потпиша за Милан и го зема легендарниот број

ОФИЦИЈАЛНО: Калиниќ потпиша за Милан и го зема легендарниот број

Трансфер сагата околку трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина во Милан денеска конечно е завршена на радост на навивачите од Милано.

Калиниќ веќе неколку месеци се поврзува со трансфер во Милан, а откако многумина мислеа дека кариерата ќе ја продолжи во Кина, клубот од „Сан Сиро“ сериозно се ангажираше во борбата за овој играч. Хрватскиот напаѓач имаше голема желба неговиот следен клуб да биде Милан и тоа го направи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој напаѓач вчера пристигна во Милан на лекарски прегледи, а денеска официјално потпиша за овој клуб, и беше претставен како ново засилување. Калиниќ со Росонерите потпиша соработка до летото 2021. година, и одлучи да го земе легендарниот број.

Имено, Калиниќ го зема дресот со број „седум“ кој некогаш го носеше легендарниот голгетер на „Сан Сиро“ Шевченко. По Украинецот, никој достојно не го носеше овој дрес, а навивачите на Милан се надеваат дека Калиниќ ќе го направи тоа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…