Преговорите се на самиот почеток, но овој момент ова изгледа како прилика Марота да изведе мајсторски потег во финишот од преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус и Баерн Минхен во последно време градат добри и односи и веќе раземнија неколку фудбалери, последен во низата беше Даглас Коста кој од Баерн премнува во Јувентус, а сега „старата дама“ се обидува да го доведе и Жером Боатенг.
Боатенг го изгуби своето место во германскиот гигант, Анчелоти им дава предност на Хумелс и Шуле, додека нивна алтернатива е Мартинез.
Италијанскиот шампион тука ја гледа својата шанса да доведе одличен дефанзивец во своите редови со што практично би решиле две позиции бидејќи Боатенг би можел да игра и по страничните позиции.
Јувентус е спремен да го откупи, платат на Боатенг не е проблем бидејќи тој и во германскиот гигант заработува нешто помалку од пет милиони евра.