Дома Топ вести Се руши Барселона како „кула од карти“: Меси одбива да потпише и застана на чело на кланот играчи против раководството

Се руши Барселона како „кула од карти“: Меси одбива да потпише и застана на чело на кланот играчи против раководството

Пукна во Барселона. Бесот кој навивачите веќе долго го чувствуваат кон претседателот Бартомеу се прели и на играчите, кои се погласно порачуваат дека е време за промени и нов почеток. На зборовите на Нејмар дека „во фотељите на „Ноу Камп седат луѓе кои не се дораснати за тие задачи“ сега се надоврзаа и Иниеста и Серџи Роберто, па индиректно дури и првата ѕвезда на каталонскиот великан, Лео Меси со тоа што одбива да потпише нов договор на кој веќе прифати пред заминувањето на Бразилецот во ПСЖ.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Меси и уште неколку главни играчи оформиле клан и тргнале кон „рушење“ на првиот човек на клубот. Аргентинецот наводно е особено огорчен поради начинот на кој Бартомеу го води клубот, па дури и неговата иднина во Каталонија е под голем знак прашалник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Јасно е дека меѓу играчите постои струја која Бартомеу го посакува надвор, а Меси, во знак на солидарност со нив, одбива да го потпише веќе договорениот договор“, велат шпанските медиуми.

Истовремено, додаваар дека Меси го чека последниот договор во кариерата и дека и тој повеќе не верува во успешен проект на Барселона ако и понатаму го водат луѓето кои се на врвот на клубот.

Но, не е во прашање само Меси. Вчера се огласи и Иниеста кој во интервју за „Паис“ порача дека по првпат во кариерата размислува да го промени клубот.

„Вистина е, сепојавија некои чувства кои порано ги немав. До пред три години никогаш не сум помислил на такво нешто, но… Сега навистина мислам на иднината. Сите сакаме да бидеме таму каде не ценат и почитуваат“, истакна Иниеста.

Исто така, и Серџи Роберто јавно порача дека сака да ја напушти Барселона, а навивачите тешко се справуваат со ваквата ситуација. Реал моментално е пред нив во секоја смисла, и тешко дека тука нешто ќе се промени особено со засилувања како Паулињо, или Сери и Дембеле кои се на прагот на потпишување на договор со Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …