Дома Фудбал Винисиус не личи на себе: Погледнете како играше против Елче (Видео)

Винисиус не личи на себе: Погледнете како играше против Елче (Видео)

Винисијус Јуниор е во фокусот на вниманието во Шпанија, а не само поради неговиот политички потег.

Бразилецот е во видливо слаба форма оваа сезона, иако Жозе Мурињо му дава јавна поддршка, фактите се на страната на критичарите. Винисијус Јуниор едноставно не е препознатлив, а бројките покажуваат дека е далеку од својата најдобра форма.

Натпреварот против Елче, според многумина, беше најлош негов во последниве години. Винисијус носеше лоши одлуки, беше несигурен и неточен во завршницата, а сите реномирани аналитичари му дадоа оценка под “шестка”.

Жозе Мурињо на крајот одлучи да го извлече од игра, и го префрли Јан Диоманде на левата страна, што многумина го видоа како јасен знак дека нема да биде незаменлив доколку не ја подобри својата игра.

Статистиките покажуваат дека Винисијус беше еден од најслабите играчи во тимот на Жозе Мурињо, тој имаше дури пет шутеви кон голот, пропушти две големи шанси, и еден од новинарите во Мадрид изјави дека во следните натпревари може да седне на резервната клупа.

Во меѓувреме, првите ѕвезди на Барселона блескаат на теренот, и не се знае кој ќе биде поопасен, а AdmiralBet нуди одлични квоти дека вечер ќе ја продолжат својата голгетерска серија, било да е тоа Рафиња, Јамал или Фермин Лопез.

Инаку, од почетокот на сезоната, Винисијус постигна само еден гол, а има три асистенции за 600 минути поминати на теренот.

Погледнете дел од неговите потези во победата над Елче…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус размислува за засилување од Наполи

Словачкиот фудбалер, Стани Слав Лоботка, би можел наскоро да го напушти Наполи, бидејќи за…