Дома Фудбал Јувентус ја следи состојбата со крилото на Арсенал

Јувентус ја следи состојбата со крилото на Арсенал

Италијанскиот гигант Јувентус го следи крилото на Арсенал Нони Мадуеке со идеја за можно позајмување во јануарскиот трансфер период.

Се смета дека „топчиите“ се отворени за таков договор, тврди „КотОфсајд“. Мадуеке не му е клучен играч во плановите на менаџерот Микел Артета, иако синоќа беше меѓу стартерите на лондонците во натпреварот против Ипсвич за „Карабао Купот“ и дури даде еден од головите за победата од 4:2. Бидејќи договорот на играчот трае до 30 јуни 2030 година, лондонците не сакаат неговата вредност да се намалува и размислуваат да го испратат на позајмица во јануари. Условот е тој да оди во клуб кој може да му гарантира редовно играње на високо ниво, вклучувајќи ги и европските натпреварувања.

За Јувентус интересот е колку тактички, толку и финансиски. Тимот на Лучано Спалети има очигледни проблеми за решавање во зимскиот прозорец, но без сериозни продажби „бјанконерите“ ќе треба да бараат поволни можности, а не да плаќаат трансферни суми.

Мадуеке е типично крило – позиција на која Јувентус има добри опции во лицето на Франсиско Консеижао и Едон Жегрова. Ситуацијата сепак може да се промени, ако Нико Гонсалес биде преквалификуван како „лажна деветка“ или ако Жегрова, кој неодамна блесна со два гола против Сасуоло, го напушти клубот.

Јувентус не е единствениот кандидат. Атлетико Мадрид исто така пројавува интерес за позајмица, особено ако Арсенал е склон да ја вклучи во договорот опцијата за купување со вредност, пониска од вообичаените проценки во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пол Сколс брутално порача: Со него во првите 11 Јунајтед не може да биде шампион

Пол Сколс очигледно не е фан на Сене Ламенсе. И покрај одличните партии кои ги пружа Белги…