Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди и Интер, Реал испратил понуда за Нејмар, Ван Де Бек во Мадрид ама не сега, Шкртел во Серија А

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди и Интер, Реал испратил понуда за Нејмар, Ван Де Бек во Мадрид ама не сега, Шкртел во Серија А

И понатаму се до затварањето на преодниот рок на едно место следете се што се случува на трансфер пазарот.

– Италијанските медиуми објавија дека Рома и Интер постигнале договор за Икарди, но Аргентинецот сака само во Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го договорил Ван Де Бек за 55 милиони евра, меѓутоа тој трансфер нема да се реализира ова лето (за шест месеци или наредното лето).

– Аталанта го доведе Мартин Шкртел.

Иван Перишиќ не отпатува со Интер за Шпанија на пријателскиот натпревар против Валенсија. За многумина ова е доказ дека трансферот во Баерн е договорен.

– Вчера пишуваше „Марка“, денес за трансферот на Нејмар пишува и каталонскиот „Спорт“. Реал Мадрид наводно испратил понуда од 200 милиони евра.

Мурињо пронајде нов ангажман. Не се работи за потпис со некој клуб, Жозе ќе биде стручен коментатор во „Скај Спорт“ во текот на целата сезона во Премиер лигата, а ќе дебитира на натпреварот помеѓу неговите поранешни клубови, Челзи и Манчестер Јунајтед.

Марк Ван Бомел го контактирал својот поранешен соиграч од Баерн, Франк Рибери и му понудил да дојде во холандски ПСВ.

Радамел Фалкао самиот најави дека би можел да се пресели во Галатасарај: Би било интересно таму, Турците живеат за фудбал.

Унаи Емери потврди дека Мустафи има дозвола да го напушти Арсенал: Разговарав со него пред две недели кога започнаа припремите и му кажав дека може да замине, сега тоа можам да го потврдам.

– „Тутоспорт“: Интер размислува за Савиќ, но мораат да мислат и на финансискиот фер-плеј, затоа Видал кој е многу поевтин е по веројатно опција.

– Oфицијализиран трансферот на Хуанфран во Сао Паоло.

– „Марка“ одново го поврзува Хамес Родригез со Атлетико Мадрид.

– Готово: Перишиќ е играч на Баерн!

Повеќе нема дилеми! Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо потврди дека се водат напредни преговори за продажба на Нејмар. Бразилецот нема да биде во составот за натпреварот против Нимес во Лига 1!

– Рома до крајот на преодниот рок би можела да го доведе Ругани од Јувентус.

– Покрај Перишиќ и Жоао Марио не отпатува со Интер на пријателскиот натпревар против Валенсија. Интерес за него покажува Монако.

– ПСЖ повторно покажува интерес за Донарума. Се шпекулира дека Милан ќе бара 60 милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.

Изненадување: Претходно пишувавме дека Рибери може да заврши кај неговиот поранешен соиграч Ван Бомел во ПСВ, но сега се појави нова вест – Рибери два дена преговара со Локомотив Москва!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ќе мора да бира – Алегри или Киеза!

Фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза во последниот период се поврзува со заминување од То…