Дома Топ вести После „Марка“ и „Спорт“ пишува за Нејмар и Реал Мадрид – понудата е испратена!

После „Марка“ и „Спорт“ пишува за Нејмар и Реал Мадрид – понудата е испратена!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид со сите сили тргнал по Нејмар.

Бразилецот не е задоволен во ПСЖ и веќе неколку недели се шпекулира дека сака да го напушти овој клуб и да се врати во Барселона. Но, во борба за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид, а Флорентино Перез нема намера да штеди за да го доведе.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот „Спорт“ објави денес дека Реал испратил и официјална понуда за Нејмар вредна 200 милиони евра. Перез верува дека Нејмар би бил огромно засилување за Реал Мадрид и наводно е спремен да го направи и најплатен играч во светот.

Меѓутоа на претседателот на „кралевите“ не му оди во прилог тоа што Нејмар сака во Барселона. Бразилецот се покајал што воопшто заминал и сега сака да се врати.

Се пишува дека иако Реал му понуди повеќе пари на Нејмар од Барселона Бразилецот сепак е одлучен во намерата да се врати, но проблем е што во Каталонија барем во јавноста не изгледаат дека премногу го сакаат назад.

Ќе потсетиме дека пред „Спорт“, „Марка“ вчера на насловната страна најави дека Реал тргнува по Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…