Дома Трансфер зона Рома во финишот од преодниот рок тргнува по засилување од Јувентус

Рома во финишот од преодниот рок тргнува по засилување од Јувентус

Рома ова лето се уште не ги израдувала навивачите со некое звучно засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во римскиот клуб се свесни дека мораат да доведат засилување во одбраната откако Костас Манолас го напушти клубот. Манолас беше столб на одбраната и јасно е дека на Рома ќе и биде тешко да пронајде негова замена.

Управата на Рома на мета има неколку играчи за кои веруваат дека можат да бидат адекватно засилување . Едно од имињата е Даниеле Ругани од Јувентус.

Медиумите во Италија пишуваат дека Ругани после доаѓањето на Де Лихт самиот побарал трансфер бидејќи му е јасно дека нема да има многу простор за игра.

Рома сака Ругани да го доведе на позајмица. „Волчицата“ е спремна да понуди сума од два милиони евра со обврска на крајот од сезоната да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…