Дома Трансфер зона Дали ова е доказ дека трансферот на Перишиќ во Баерн е договорен?

Дали ова е доказ дека трансферот на Перишиќ во Баерн е договорен?

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ не отпатува со Интер на пријателскиот натпревар кој вечерва ќе го играат овие два клуба на „Местаља“. Италијанците тоа веднаш го поврзаа со потенцијалниот трансфер во Баерн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ќе потсетиме Баерн неочекувано се најдоа во незгодна позиција поради повредата на Лерој Сане пред кого можеби претстои и седум месеци пауза. Германците имаа договор со Сане и се чекаше само конечното „да“ од Манчестер Сити. Дури и неговиот лет за Минхен беше закажан, а потоа Гвардиола го стави во стартните 11 против Ливерпул во Комјунити Шилд и Сане после десетина минути игра заработи повреда на лигаментите.

Од истиот момент беше јасно дека Баерн ќе бара алтернатива и тогаш во прв план се истакна Перишиќ.

Според информациите кои се појавија вчера Баерн ќе го доведе Перишиќ на позајмица со право на откуп за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…