Преодниот рок полека влегува во самата завршница, а овие денови вниманието повеќе е насочено кон Премиер лигата каде што трансфер периодот завршува на 8-ми август. Бидете во тек со се што се случува!
– Хари Мегваер денес пристигна во Манчестер каде што ќе го комплетира трансферот вреден 93 милиони евра со што ќе стане најскап дефанзивец во историјата!
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
– Интер му се закани на Икарди – може да го остави на трибини во наредните две години!
– Нејмар во Барса на позајмица со право на откуп?
– Евертон покажал интерес за македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.
– Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хатем Бен Арфа е пред трансфер во Сампдорија.
– Официјално: Исмаил Бенасер е нов играч на Милан!
– Димитар Бербатов смета дека послабата физичка форма може да му биде проблем на Дибала во Премиер лигата.
– Денес би можеле да добиеме потврда за размената помеѓу Манчестер Сити и Јувентус. Сити на Јувентус би требало да му плати 30 милиони евра и да го испрати Данило во Торино, а за возврат „граѓаните“ ќе го добијат Кансело.
– Радамел Фалкао потврди дека во новата сезона нема да го носи дресот на Монако: Имам неколку понуди за нов чекор во кариерата и ги разгледувам.
– Жуниор Фирпо денес треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Барселона до 2024 година.
– Милан ќе се обиде да го продаде Хакан Чалханолгу до крајот на преодниот рок и за него бараат 18 милиони евра.
– Пред неколку дена Јувентус ја одби понудата од Арсенал за Даниеле Ругани, но медиумите на Островот најавуваат дека клубот од Лондон наскоро ќе испрати нова понуда.
– Oфицијално: Моис Кин е нов играч на Евертон!
?? | The Italian: Job done! ✅ pic.twitter.com/cTag5mL9yC
— Everton (@Everton) August 4, 2019
– Дони Ван Де Бек потврди дека преговара со Реал Мадрид!
– Еве ја официјалната потврда! Фирпо е нов играч на Барселона!
Изненадување од „Тутомеркато“: Манџукиќ се договорил со Манчестер Јунајтед!
– Лампард ги изостави Бакајоко и Дринквотер и овие двајца нема да патуваат на припремите во Германија. Ова е уште еден доказ дека Лампард не смета на нив за новата сезона.
– Детали за изненадувачката вест за потенцијалниот трансфер на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед: Хрватот се договорил на „Олд Трафорд“ да заработува шест милиони евра по сезона за договор на две години. Јувентус би требало да добие 15 милиони евра како оштета.
– Oлимпик Марсеј наводно покажал интерес за Хамес Родригез. Меѓутоа засега на Марсеј не му се даваат големи шанси да има успех во својата намера.
– „Канал +“ пренесува дека трансферот на Џовани Ло Селсо од Бетис во Тотенхем е блиску до реализација и тој би требало да изнесува 70 милиони евра.
– Интер во финишот од преодниот рок би можел да направи обид да го доведе Анте Ребиќ.