Дома Трансфер зона Бербатов смета дека Дибала има една мана која може да му биде проблем во Премиер лигата

Бербатов смета дека Дибала има една мана која може да му биде проблем во Премиер лигата

Веќе неколку дена се пишува за големата замена помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Дибала би требало да пристигне на „Олд Трафорд“, додека Ромелу Лукаку би се упатил кон Торино, меѓутоа се чека Дибала да одлучи дали сака да потпише за англискиот клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој во четвртокот се врати во Торино и разговараше за својата иднина и засега италијанските медиуми пишуваат дека Аргентинецот не сака да го напушти Јувентус.

Во меѓувреме додека навивачите на Јунајтед се надеваат дека Дибала ќе потпише за нивниот клуб Димитар Бербатов предупредува дека Дибала има еден недостаток кој може да го мачи во Премиер лигата.

„Јас сум фан на играта на Дибала. Можете да ја видите неговата фудбалска ителигенција. Размислување, додавање, лева нога, удари, слободни уари, тоа многу ми се допаѓа“, изјави Бербатов.

„Негова мана е што не е висок, низок е. Покрај тоа не е физички силен и тоа би можело да му биде проблем во Премиер лигата. Сепак, тоа не мора да значи ништо, а пример е Давид Силва од Манчестер Сити“, порача бугарскиот легендарен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…