Дома Трансфер зона Манџукиќ го напушта Јувентус и се сели во гигантот од Премиер лигата?

Манџукиќ го напушта Јувентус и се сели во гигантот од Премиер лигата?

Нападот на Јувентус оваа сезона ќе изгледа сосема поинаков во однос на претходните години.

Моис Кеан и официјално се пресели во Евертон за 27,5 милиони евра, а кон патот за Премиер лигата ќе си оди и Марио Манџукиќ. „Tuttomercato“ тврди дека хрватскиот напаѓач постигнал договор со Манчестер Јунајтед и следната година ќе го носи црвениот дрес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 33-годишен фудбалер со клубот од „Олд Трафорд“ ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Интересно дека Јувентус и Манчестер Јунајтед истовремено преговараат околу размена на Паоло Диабала и Ромелу Лукаку, а таа работа не е поврзана со трансферот на Мануџкиќ.

Поранешниот хрватски репрезентативец е член на Јувентус од 2015. година. Со својата борбеност, карактер и менталитет стана миленик на навивачите и сигурно нема да им биде сеедно поради неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…