Дома Трансфер зона Официјално: Барселона доведе конкуренција на Жорди Алба

Официјално: Барселона доведе конкуренција на Жорди Алба

Каталонците доведуваат нов лев бек.

Барселона добива нов играч. Жуниор Фирпо денес е на медицински прегледи во Барселона и тоа е прв чекор кон комплетирањето на трансферот. Фирпо во Барселона ќе игра пет сезони, значи до 2024 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бетис и Барселона се договорија и целата операција ќе биде тешка 18 милиони евра плус 7 како бонуси, а трансферот Каталонците и официјално го потврдија.

 

Во минатата сезона Фирпо одигра 29 натпревари во сите натпреварување од кои 24 во Примера. Собра вкупно три гола и пет асистенции за 2.314 минути поминати на теренот. Станува збор за брз играч кој има големи чекори па кога ќе биде во налет изгледа како да ги „прелетува“ своите противници.

Фирпо кој е роден во Домениканската Република би требало да биде замена за Жорди Алба, но не се исклучува можноста и да го превземе местото на Шпанецот ако ги исполни очекувањата.

Овој фудбалер се поврзуваше и со Ливерпул, но на крајот Барселона успеа да стигне до неговиот потпис и тоа за многу помала сума отколку што се шпекулираше (50 милиони евра). Барса ќе го добие Фирпо за двојно помала сума и тоа седум како што споменавме ќе бидат исплатени преку бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…