Дома Фудбал Италија Интер ќе ризикува да си наштети за да му ја уништи кариерата на Икарди?

Интер ќе ризикува да си наштети за да му ја уништи кариерата на Икарди?

Maуро Икарди е спремен да го тужи Интер, меѓутоа и „нероаѕурите“ му спремаат жесток одговор.

На почетокот на минатиот месец директорот на миланскиот клуб Џузепе Марота јасно порача дека Икарди не е во плановите на Интер. Таа одлука ја донесе Антонио Конте, меѓутоа Икарди изгледа не го интересира премногу тоа што е „персона нон грата“ на „Меаца“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако постојат неколку тимови кои со задоволство би го виделе Икарди во своите редови, медиумите во Италија пишуваат дека Икарди сака да остане во клубот, а како причина го истакнал тоа што неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара е бремена. Под такви околности Икарди не сака да прави преселба во нова средина.

Аргентинецот има договор со Интер до 2021 година и сака да остане во Интер, а клубот со сите сили сака да го продаде. Бидејќи работите се искомплицираа Икарди најави тужба против Интер, но сега Интер возврати така што му се заканил со седење на трибини во наредните две години.

Како што утрово објавија „Газета“ и „Кориере дело Спорт“ Интер ќе ризикува тужба за мобинг, но со тоа би си направил голема штета. Освен што Икарди ќе добива голема плата две години без да прави ништо би фаќал и место во тимот.

Пред само шест месеци Мауро беше капитен на Интер и прва ѕвезда на клубот, а несогласувањата започнаа кога Икарди одби да го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…