Дома Фудбал Лига на шампиони Тој е херој на вечерта: Го сруши рекордот на Касиљас!

Тој е херој на вечерта: Го сруши рекордот на Касиљас!

Икер Касиљас во 2002 година стана најмладиот голман во историјата на Лига на шампиони. Шпанецот тој рекорд го држеше цели 15 години, а денес го сруши младиот голман на Бенфика Миле Свилар.

Свилар вечерва настапи против Манчестер Јунајтед и стана намладиот голман во историјата на ова натпреварување со само 18 години, еден месец и 22 дена.

Касиљас имаше 18 години, три месеци и 26 дена кога дебитираше за Реал Мадрид во најелтното клупско натпреварување, а Свилар го сруши неговиот рекорд со скоро два месеци.

Младиот голман е син на прославениот југословенски голман Ратко Свилар, но е роден и израсна во Белгија, а е репрезентативец на оваа земја во младите категории.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…