Дома Фудбал Англија Томас Тухел ќе биде новиот селектор на Англија

Томас Тухел ќе биде новиот селектор на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) започна преговори со германскиот селектор Томас Тухел за местото селектор на англиската репрезентација, објави „Скај Спорт“.

Последниве денови, медиумите на Островот тврдат дека ФА ги засилила напорите за пронаоѓање нов селектор на националниот тим. Причина за тоа се последните две нестабилни изданија на тимот во Лигата на нациите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После негативниот одговор од Гвардиола, сега главен кандидат е Томас Тухел. Голем плус за неговата кандидатура е желбата на стратегот веднаш да започне со работа.

Ако Тухел стане селектор на Англија, тоа би бил третиот странец кој ќе ја води англиската репрезентација, по Швеѓанецот Свен-Јеран Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…