Денес понудата е многу добра и покрај тоа што нема европски купови. Англичаните играат во првенството, а има и многу други купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Брајтон – Брентфорд – Т12+ @ 1.80 во Mozzart
Галебите беа поразени на Стемфорд Бриџ и покрај фактот дека цело второ полувреме играа со играч повеќе. На крај тоа не беше доволно и запишаа резултат од 3-2. Сепак како оправдување може да им биде заморот после тешкиот натпревар во Атина против АЕК. Брентфорд славеше против Лутон и тоа беше натпревар кој мораше да го добијат. Ние овде очекуваме домаќините да постигнат најмалку два погодоци, а коефициентот за Т12+ изнесува 1.80 во Mozzart.
Виљареал – Макаби Хаифа – 1&2+ @ 1.65 во 22Bet
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова е заостанат натпревар од 3-то коло кој е одложен поради ситуацијата во Израел. Шампионот, Макаби Хаифа досега освои само еден бод од четири натпревари и имаат малку надеж дека можат да стигнат до третата позиција. Виљареал изигра добар дуел во Севиља и не победи, но малку недостигаше додека во Лига Европа имаа прилика да го освојат првото место и да обезбедат директен пласман во 1/8 финалето. Ние овде даваме предност на домаќините и предлагаме 1&2+ со квота 1.65 во 22Bet.
Сарбрикен – Ајнтрахт – 2 @ 1.60 во Bet365
Можеби некој ќе се зачуди за високата квота за Ајнтрахт, меѓутоа Сарбрикен во минатото коло го елиминираа Баерн Минхен со резултат 2-1 и тоа после пресврт. Моментално Сарбрикен не е во некоја посебна форма и на двата последни натпревари немаат постигнато ниту гол, но за среќа ниту примија. Ајнтрахт го губи чекорот со водечките екипи во Бундеслига и ова за нив делува како единствена шанса за пласман во Европа. Наш предлог за овој натпревар е 2 со квота 1.60 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.75
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk