![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2023/01/ten-hag-850x491.jpg)
По само шест месеци поминати во Манчестер Јунајтед левиот бек Серхио Регулион би можел да си замине.
Информациите на Островот се дека Регулион е голема желба на Борусија Дортмунд која би го довела како позајмен фудбалер со што би ги преземала сите трошоци за позајмицата.
Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓
Регулион летото 2020 година пристигна во Тотенхем од Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра, а потоа беше испратен на позајмица во Атлетико кој исто така не го откупи.
Тен Хаг пред крајот на преодниот рок мораше да реагира поради повредите на Лук Шо и Тајлер Маласија па го позајми.
Но и во ситуација кога во Јунајтед има повредени фудбалери тој одигра само десет натпревари. Вкупно на теренот помина 648 минути.