Натпреварувачката комисија на ФФМ го суспендираше теренот на Шкендија и го предаде клубот на дисциплинската комисија која ќе одлучува за казни после хаосот кој се случуваше во неделата во натпреварот против Шкупи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите на Шкупи беа нападнати од навивачите пред стадионот, а еден од нив беше погоден и со камен од трибините. Тоа беше само почеток затоа што потоа имаше и инциденти помеѓу играчите на теренот, а од трибините одново беа фрлани разни предмети.




На сето тоа можеа да се слушнат и расистички навреди. Се очекува дисциплинската комисија набрзо да ги соопшти казните за тетовскиот клуб.