Дома Трансфер зона Столе може да ја напушти Валенсија и да се врати во Рајо Ваљекано

Столе може да ја напушти Валенсија и да се врати во Рајо Ваљекано

Македонскиот голман Столе Димитриевски би можел да се врати во редовите на Рајо Ваљекано, пренесуваат шпанските медиуми.

 Ако Мамардашвили остане во Валенсија, тој ќе биде прв голман, а Димитриевски би бил резерва.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Таа позиција не е прифатлива за македонскиот голман, па затоа во неговиот договор има клаузула дека може да замине за три милиони евра ако Мамардашвили остане во клубот.

Димитриевски како слободен агент ова лето дојде во Валенсија за да биде прв голман и да го наследи Ѓорги Мамардашвили.

Најсилен интерес за Столе покажува Рајо Ваљекано, клубот каде Македонецот ја стекна својата афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…