Дома Останати Кошарка Србите ги декласираа Американците во Париз, па прославија со познатиот хит

Србите ги декласираа Американците во Париз, па прославија со познатиот хит

Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3, е еден од главните фаворити за злато на Олимписките игри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Србите со години се најдоминантна репрезентација во овој спорт, имаат шест светски злата, олимписка бронза од Токио и најдобриот играч во светот Страхиња Стојачиќ.

Улогата на фаворити ја оправдаа на првиот настап во Париз, каде ги совладаа Американците со убедливи 22:14.

Ги предводеше Марко Бранковиќ со осум поени, Стојачиќ постигна седум, а Марко Васиќ и Дејан Мајсторовиќ постигнаа четири, односно три поени. Кај САД најдобар беше Карим Медокс со шест поени.

По победата, организаторот им ја отсвири нивната победничка песна, хитот на Нада Топчагиќ „Утро е, Утро е“ на српските кошаркари и на присутните навивачи во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Има 14 години и е висок 214 сантиметри, а на паркетот никој ништо не му може: Дали кошаркарската ѕвезда на Барса ги лажирала годините?

Мохамед Дабоне, еден од најперспективните млади кошаркари во Европа и член на Барселона, п…