Дома Фудбал Италија Спалети го крена гласот: Време е да се реши проблемот со Икарди!

Спалети го крена гласот: Време е да се реши проблемот со Икарди!

Фудбалерите на Интер синоќа конечно ја прекинаа лошата серија и победија на гостувањето кај Парма со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голот на победа го постигна резервистот Лаутаро Мартинез, а Мауро Икарди одигра уште една бледа партија.

После мечот тренерот Спалети призна дека има проблем околу Икарди и дека истиот веднаш треба да се реши.

„Икарди? Лично јас немам креирано никакви проблеми. Според мене има работи кои мора да бидат разјаснети затоа што кога сте на половина од патот станува многу потешко за сите. Шпекулациите околу него се провлекуваат веќе подолго време. Сега е вистинско време раководството да седне со него и да го реши проблемот“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…