Дома Фудбал Англија Солскјер: Јунајтед е најголем клуб во светот, многу играчи сакаат да дојдат

Солскјер: Јунајтед е најголем клуб во светот, многу играчи сакаат да дојдат

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер се спротиставува на тврдењата дека клубот повеќе не е атрактивен за најдобрите фудбалери во светот бидејќи не учествува редовно во Лигата на шампиони.

Според Норвежанецот Јунајтед е најголем клуб во светот и сите фудбалери би сакале да бидат дел од тој клуб.

„Менаџерите можеби не сакаат, но фудбалерите со сигурност сакаат да бидат дел од овој клуб. Јунајтед е најголемиот и најдобриот клуб во светот, па сигурен сум дека многу фудбалери ширум светот сакаат да бидат дел од него. Сигурен сум и дека играчи од нашите ривали исто така би сакале да дојдат на Олд Трафорд и да учествуваат во овој процес“, сигурен е Солскјер.

„Се разбира дека континуитетот е многу важен за да освојуваш трофеи. Овој млад тим треба да научи да постигнува резултати дури и кога не игра добро. Не секогаш кога излегуваш на теренот се чувствуваш добро и можеш да го дадеш најдоброто од себе“, заклучи Солскјер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Taжна слика на „Олд Трафорд“ во поразот на Јунајтед од Барнли (ФОТО)

Maнчестер Јунајтед никако не може да излезе од кризата. „Црвените ѓаволи“ вчера со поразот…