Дома Фудбал Англија Солскјер останува на „Олд Трафорд“ и има само една желба – Хари Кејн!

Солскјер останува на „Олд Трафорд“ и има само една желба – Хари Кејн!

0

Ова сигурно би бил еден од најголемите трансфери следното лето кој може да предизвика „земјотрес“ на Островот.

Солскјер дојде како привремено решение на клупата на Манчестер Јунајтед, но со добрите игри и резултати го убеди раководството кое спрема перманентен договор за Норвежанецот. Притоа, Оле ќе добие и одврзани раце да го „скрои“ тимот по своја мерка.

Јунајтед сака да се ослободи од Лукаку, тој постигна само осум гола во Премиер лигата, додека во Лигата на Шампионтие нема постигнато ниту. Во првиот состав го загуби своето место поради Рашфорд, 20-годишниот Англичанец кој игра фантастично под водство на Солскјер и се очекува наскоро да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

„Дон Балон“ пишува дека Хари Кејн е главната цел на „Црвените ѓаволи“ за следното лето. Гол машината од Англија би можела да го напушти Тотенхем доколку уште една сезона да остане без трофеј.


Следете го Sportski.mk и на


Доаѓањето на Хари Кејн секако би ја испразнило касата, се зборува дека Даниел Леви не сака да го пушти својот главен играч за сума помала од 200 милиони фунти. Доколку овој трансфер се оствари, можеби ќе ни се насмее и нов рекорд во светот на фудбалот.

Останува да видиме дали ова ќе се случи на лето, а првата одлука е секако загарантирана за останување на Солскјер на „Олд Трафорд“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Несторовски и Трајковски добија нов тренер

Искусниот италијански стратег, Делио Роси е нов тренер на Палермо, потврди денес клубот од…