Дома Фудбал Останато „Солскјер не е вистинскиот за Јунајтед, второто место е лажно за нив не го заслужуваат“

„Солскјер не е вистинскиот за Јунајтед, второто место е лажно за нив не го заслужуваат“

Манчестер Јунајтед разочара во последните два меча во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ на свој терен беа поразени од Лестер (1:2) и Ливерпул (2:4). Без оглед на тоа екипата сепак обезбеди пласман кој ги води во новиот циклус од Лигата на шампионите, но не се сите убедени дека Јунајтед е на вистинскиот пат.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејсон Мектаир смета дека Оле Гунар Солскјер не е вистинскиот менаџер за „црвените ѓаволи“ и дека клубот не се наоѓа на реална позиција на табелата.

„Ако оваа сезона се беше нормално, не верувам дека би бил толку сигурни во Топ 4. Второто место по мене е лажна позиција за Јунајтед“.

Тој додаде и дека Јунајтед мора многу да нправи за да се врати на старите патеки.

„Имаат уште многу работа, но мислам дека Солскјер не е вистинскиот човек да ги одведе толку далеку. Кога сте на клупата на Манчестер Јунајтед тогаш морате да мислите на освојување на Премиер лигата и освојување трофеи“, изјави Мектаир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …