Дома Фудбал Џон Тери се подготвува да инвестира во фудбалски клуб за 16 милиони евра? “Долго време се планираше ова”

Џон Тери се подготвува да инвестира во фудбалски клуб за 16 милиони евра? “Долго време се планираше ова”

ФУДБАЛСКАТА ИКОНА на Челси, Џон Тери (45), според информациите, е на чело на конзорциум кој дал понуда од 14 милиони фунти (16 милиони евра) за купување на англискиот четвртолигаш Колчестер Јунајтед. Поранешниот англиски репрезентативец се реши за влез во сопственичката структура на клубот, откако се откажа од потрага по тренерска кариера. Тери моментално работи како ментор за млади играчи во академијата на Челси, a објавува и тактички анализи на TikToк.

Според The Sun, очекувано е дека Тери ќе има значајно влијание во највисоко пласирaниот клуб од регионот Есекс. Извор близок до преговорите за британскиот весник откри дека оваа трансакција долго време се подготвува. “Ова долго време се подготвуваше, а ЏТ е навистина возбуден што сето ова конечно ќе се официјализира. Ќе донесе гламур. Сите во Колчестер се возбудени и се надеваат дека овој договор ќе ги стави на мапата додека се борат за успех во повисока лига,” рече изворот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тери наводно веќе неколкупати го посетил тренинг-центарот Флоренс Парк за да се запознае со идните соработници. Со клубот го врзува и семејна врска, бидејќи неговиот внук Френки Тери е дел од клубот, иако моментално е на позајмица во петтолигашот Брејнтри Таун. Ни Тери ни Колчестер Јунајтед досега не ги коментираа овие шпекулации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне брутално го понижи Јамал: Сакаш еден на еден? Оди играј тенис!

Ламин Јамал денес се пожали дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, користи по не…