Дома Фудбал Англија Солскјер ги откри грешките на Јунајтед: Халанд не бил доволно добар, Белингам барал минутажа

Солскјер ги откри грешките на Јунајтед: Халанд не бил доволно добар, Белингам барал минутажа

Во 2018 година Манчестер Јунајтед можел да го доведе Ерлинг Халанд кој во клубот од „Олд Трафорд“ пристигнал на препорака на Оле Гунар Солскјер, сепак во Јунајтед процениле дека Халанд нема да има светла иднина.

Екс-тренерот на Манчестер Јунајтед во едно гостување во телевизиска емисија откри дека на раководството на Јунајтед им го понудил Норвежанецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Летото пред да дојдам во Манчестер им се јавив и го препорачав Халанд. Тоа се случуваше јуни или јули 2018 година. На крајот тие ми дадоа негативен одговор со објаснување дека имаат информации за него и не сакаат да го доведат“, откри Солскјер.

Исто така Јунајтед не го довел и Белингам како 17-годишник бидејќи не можеле да му гарантираат минутажа каква што барал.

„Џуд дојде во тренинг-центарот кога тука беа Фергусон и Кантона. Разговаравме и тој ни кажа дека сака одредена минутажа. Имаше само 17 години и клубот затоа не се согласи“, раскажа норвешкиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…