Дома Фудбал Англија Солскјер: Богати сме, ќе ја искористиме ситуацијата на пазарот!

Солскјер: Богати сме, ќе ја искористиме ситуацијата на пазарот!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер најави „офанзива“ на неговиот клуб на летниот трансфер пазар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јунајтед сака значително да го засили тимот ова лето, а Солскјер тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат богат буџет за трансфер.

„Кој знае како пазарот ќе реагира на оваа ситуација? Некои клубови ќе мораат да го продаваат своите ѕвезди. Можеби ќе има ситации кои ние ќе бидеме спремни да ги искористиме. Јунајтед е еден од најбогатите клубови во светот, ако не и најбогатиот“, тврди Солскјер.

Моменталната ситуација е добредојдена за Манчестер Јунајтед бидејќи кога ќе продолжи Премиер лигата ќе бидат опоравени Пол Погба и Маркус Рашфорд, кои се рехабилитираат од повредните.

„Мислам дека горе-долу сите во лигата ќе почнат од истото ниво. Можеби тие двајца ќе бидат мотивнирани повеќе бидејќи кога ќе се вратат ќе бидат дури и на подобро физичко ново во однос на останатите“, смета Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Босна и Херцеговина во приј…