Дома Фудбал Италија Скандал во Италија: Киево и Парма ќе „летаат“ од Серија А, Несторовски и Трајковски се враќаат во елитата!?

Скандал во Италија: Киево и Парма ќе „летаат“ од Серија А, Несторовски и Трајковски се враќаат во елитата!?

Само неколку дена пред да биде извлечена официјалната програма за престојната сезона во Серија А, два клуба можат да бидат исфрлени од италијанската елита.

Имено, тимовите на Киево и Парма може да бидат исфрлени од Серија А поради финансиски измами и „договарање“ на крајниот резултат на некои натпревари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јавното обвинителство денеска го поднесе својот извештај по истрагата за клубот од Верона, со што се докажува дека правел финансиски малверзации и се бара да му бидат одземени 15 бода. Тоа автоматски ќе значи испаѓање во Серија Б.

Обвинителството го процесуира и „случајот Парма“, и од судот бара да не им биде дозволено на „млекарите“ да се вратат во Серија А.

Најголем „профот“ од целата ситуација може да имаат тимовите на Палермо и Кротоне. Тимот на Несторовски и Трајковски може да го заземе местото на Парма во Серија А, додека пак Кротоне ќе остане во Серија А на местото на Киево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …