Дома Актуелно Сити славеше против Тотенхем, три „паричња“ во мрежата Лорис! (Видео)

Сити славеше против Тотенхем, три „паричња“ во мрежата Лорис! (Видео)

Англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Тотенхем вечерва одигра подготвителен натпревар во САД, во кој славеше тимот на Пеп Гвардиола со резултат 3:0.

„Граѓаните“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар, посебно тоа беше забележително во првиот дел. И Тотенхем и Манчестер Сити започнаа со релативно силни состави, во редовите на „граѓаните“ шанса добија новајлиите, Едерсон, Кајл Вокер и Данило.

Првиот гол на средбата беше дело на дефанзивецот Стоунс кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на „петлите“ после еден изведен прекин. На вториот погодок чекавме дури до 74 минута од средбата, а го постигна Рахим Стерлинг. Конечните 3:0 ги постави Диаз во финишот од средбата.

Во продолжение погледнете ги погодоците од средбата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …