Откако одржа серија разговори со првите луѓе на Баерн Минхен, Томас Тухел ќе се раздели со клубот на крајот од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова предизвика големо внимание во јавноста, но го отвори и прашањето кој ќе биде наследникот на Тухел. Клубот од Минхен веќе е во потрага по нов тренер, а се шпекулира и за неколку сериозни кандидати.
Според некои германски медиуми, меѓу најсериозните кандидати за тренерската позиција во Баерн се Оле Гунар Солскјер, Чаби Алонсо, Зинедин Зидан, Антонио Конте и Себастијан Хенес.
Зидан, иако без работа од 2021 година, можеби ќе може да се најде на клупата на Баерн, но има одредени пречки. Имено, прашање е дали Зидан би се согласил на платата што би им била понудена на другите кандидати, а исто така, пречка може да биде и јазичната бариера.
На листата на потенцијални кандидати за стратег на баварскиот гигант е и Конте. Покана од ваков калибар секако би била меѓу оние покани кои не се одбиваат, а Конте веќе се докажа во клубови како Интер, Челси и Јувентус.