Дома Фудбал Франција Синот на Агуеро со брутален коментар за Меси го понижи ПСЖ

Синот на Агуеро со брутален коментар за Меси го понижи ПСЖ


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Бенџамин Агуеро, синот на Серхио Агуеро и внук на Диего Марадона остави коментар под објавата на ПСЖ за заминувањето на Меси.

Набрзо неговиот коментар стана вирален и собра повеќе од 125.000 лајкови и околу 2.000 коментари. Пари Сен Жермен на Инстаграм објави фотографија од Меси со благодарност за придонесот во клубот.

На оваа објава 14-годишниот Бенџамин искоментира:

„Беше преголем за вас“.

Тоа беше доволно да предизвика бурни реакции. Меси сезонава постигна 21 гол и подели 20 асистенции. Вкупно за клубот од Париз оствари учинок од 32 гола и 35 асистенции на 75 одиграни натпревари. Освои две титули во француското првенство и славеше во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Ратклиф спрема нова понуда за Манчестер Јунајтед, која нема да ги израдува фановите

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Продажбата на Манчестер Јунајтед е г…