Веќе е познато дека Тиаго Силва на крајот од сезонатаќ е замине од ПСЖ како слободен играч, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Силва оваа недела се враќа во Франција, го чека карантин од седум дена, а потоа продолжување на тренинзите со ПСЖ и припреми за натпреварите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот ќе го продолжи договорот со ПСЖ на кратко, само до крајот на август за да ги одигра натпреварите во Лигата на шампионите, а потоа ќе биде слободен да ја промени средината.
Клубови од Кина, Блискиот Исток, но и родниот Бразил спремиле понуди за неговите услуги, но Силва ги одбил затоа што сака да игра на Светското првенство во Катар во 2022 година и затоа планира да одигра барем уште еден добра сезона во најдобрите европски првенства.
Можна опција е Евертон, таму тренер е Карло Анчелоти кој го доведе во Милан во 2009 година, а подоцона и во ПСЖ. Тоа би била нивна трета соработка. Но, Евертон се уште не испратил понуда.
Исто така, тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо призна дека би сакал да го има Силва, а и понатму се споменува негово враќање во Милан.