Уште една повреда во таборот на Јувентус.
Поради ситна повреда во натпреварот против Бреша за Јувентус не играше Кристиано Роналдо, а во текот на натпреварот уште еден фудбалер на Јувентус заработи повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Порто и Манчестер Сити, Данило уште во 19-тата минута мораше да го напушти теренот поради повреда, а сега е утврдено и колку ќе отсуства од терените.
Во прашање е повреда на левиот бутен мускул и поради тоа ќе биде надвор од терените неколку недели.
Данило минатото лето пристигна од Манчестер Сити како замена за Кансело кој се пресели на „Етихад“. Данило настапи во претходните четири натпревари затоа што и Матија Де Шиљо исто така има проблеми со повреда.
Според информациите враќањето на двајцата фудбалери треба да се очекува после октомвриската репрезентативна пауза.
Ова значи дека Јувентус во дербито против Интер ќе игра без овие двајца фудбалери, претходно актуелниот шампион ќе игра натпревар со СПАЛ. Сари практично е без вистински десен бек и принудно на таа позиција во овој натпревар веројатно ќе игра Хуан Квардадо кој вчера го замени Данило.