Дома Трансфер зона Се е договорено: Модриќ наскоро потпишува!

Се е договорено: Модриќ наскоро потпишува!

Фабрицио Романо, важи за еден од најдоверливите, за многумиан и најдоверлив извор кога во прашање е трансфер пазарот.

Сега Романо пренесува информација дека Лука Модриќ ќе потпише нов договор со Реал Мадрид до јуни 2023 година. Документацијата е спремна, Реал планира да го задржи Лука за сезоната 2022/2023.

Оваа информација доаѓа на месец ипол пред истекот на претходниот едногодишен договор на Реал и Модриќ. Модриќ уште од Нова Година може да преговара со други клубови каде што би преминал без оштета по истекот на актуелниот.

Се пишуваше дека за него заинтересиран е Јувентус, како и некои клубови од Блискиот исток и од Америка, но тој повеќе пати нагласи дека е среќен во Мадрид и не сака да замине. Единствен момент кога Модриќ изрази да замине беше после Светското првенство во 2018 годсина кога преговараше со Интер, но на крајот сепак остана во Реал каде што игра од 2012 година.

Модриќ има 37 години, но и понатаму е еден од најважните во играта на Реал кој на три кола пред крајот ја обезбеди титулата во Шпанија, додека за трофејот во Лигата на шампионите ќе се бори против Ливерпул на 28. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…