Дома Фудбал Останато Се воведува правило „анти-Мартинез“ правило: Голманите ќе имаат нови ограничувања во пеналите

Се воведува правило „анти-Мартинез“ правило: Голманите ќе имаат нови ограничувања во пеналите

Eмилијано Мартинез беше еден од ликовите кои го обележија Светското првенство во Катар. Аргентинскиот голман беше прогласен за најдобар помеѓу своите колеги на турнирот, но вниманието го привлече и со своето однесување.

Забележителни беа и провокациите на Мартинез кон изведувачите на пеналите во француската репрезентација, но користеше методи кои не се забранети, иако не се дел од фер-плејот. Во еден момент тој доби и жолт картон затоа што ја фрли топката подалеку од изведувачот со цел да го деконцентрира.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалскиот психолог Жеир Жорден на Твитер објави дека би можеле наскоро да биде воведена промена за да се спречи вакво однесување на голманите.

„Еми Мартинез е силен во менталните игри. Непредвидлив е во такви ситуации. Верувам дека треба да се воведат промени, ме интересира како фудбалот ќе реагира“, објави Жордет во заклучокот од објавата.

„Марка“ тврди дека ФИФА и УЕФА размислуваат да воведат „анти-Мартинез“ правило. Правилото ќе се однесува на намерно одложување на изведувањето на пеналите со допирање на рамките од голот што голманите знаат многу често да го прават.

Исто така голманите не би смееле да им се доближуваат на играчите пред пеналот, буквално нема да биде дозволено да прават било што со цел да го деконцентрираат противникот.

Според најавите ова правило ќе биде воведено од следната сезона во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…