Дома Фудбал Ѕвезда на Наполи мора на операција на срце!

Ѕвезда на Наполи мора на операција на срце!

Играчот за врска на Наполи, Скот Мектоминај, ќе биде подложен на хируршка интервенција заради неправилен срцев ритам, соопшти денес италијанскиот клуб.

Мектоминај во наредните денови ќе биде опериран со минимално инвазивна метода на пулсна аблација и ќе биде надвор од терените до по првата репрезентативна пауза, што значи дека неговото враќање се очекува во октомври.

Дваесет и деветгодишниот Шкотланѓанец беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А кога во 2025 година му помогна на Наполи да ја освои титулата. Оваа година настапи и за Шкотска на Светското првенство.

Мектоминај беше заменет во второто полувреме од неделниот пораз на Наполи од Кома (1:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гасперини бара реакција од Рома по шокот со Реал: Време е за поправен против Џенова

Рома испушти 3:1 против Реал Мадрид и првпат сезонава беше поразена, а Џан Пјеро Гасперини…