Дома Фудбал Tинејџер имал луд план: Преку „Снепчет“ организирал киднапирање на Мбапе?!

Tинејџер имал луд план: Преку „Снепчет“ организирал киднапирање на Мбапе?!

Осумнаесетгодишен затвореник во Франција е обвинет дека од својата затворска ќелија организирал и планирал киднапирања на богати и познати личности, при што една од неговите главни мети бил славниот фудбалер Килијан Мбапе, како што известува реномираниот француски весник Le Parisien.

Според француските медиуми, младиот човек идентификуван како Клемент Л., против кого судскиот процес е започнат на 21 август во Нантер, користел социјална мрежа Snapchat под псевдонимот „Лестер З“ за да им дава наредби на своите соработници на слобода.

Неговите застрашувачки криминални планови биле откриени откако во неговата затворска ќелија биле најдени и одземени два мобилни телефони. Истражителите, после прегледот на уредите, откриле шокантни информации. Пронашле список со имиња и домашни адреси на 26 богати луѓе кои тој планирал да ги киднапира заради уцена.

Меѓу потенцијалните жртви се наоѓал еден богат трговец со месо, еден познат преправач на часовници, но најголемо внимание привлече фактот што на списокот се наоѓала и адресата на ѕвездата на Реал Мадрид и капитен на француската репрезентација Килијан Мбапе.

Овој случај предизвика големи дискусии во Франција и повторно покрена сериозни прашања за безбедноста и контролата во рамките на затворскиот систем, имајќи предвид дека младиот човек без потешкотии поседувал телефони и од ќелијата ковал планови за тешки кривични дела.

Истражувањето е моментално во тек, а полицијата проверува дали „Лестер З“ имал помагачи на слобода кои биле задолжени за реализација на овие киднапирања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maрсијал три месеци е без клуб, а сега добил шокантна понуда да се врати во Премиер лигата!

Иако трансфер периодот заврши, некои фудбалери сè уште имаат шанса да најдат нов клуб, а в…