
Жозе Мурињо, наводно, вовел строги дисциплински правила во Реал Мадрид, пренесува „The Sun“.
Според информациите, секој фудбалер кој ќе задоцни на тренинг нема да му се приклучи на тимската сесија. Наместо тоа, ќе биде испратен во теретана на индивидуален тренинг.
Но, казната не завршува тука. Играчот кој ќе задоцни ќе биде и изоставен од составот за следниот натпревар, без разлика на неговиот статус во тимот.
Со вакви мерки, Мурињо наводно сака уште од самиот старт да воспостави максимална дисциплина и професионализам во соблекувалната.
Пораката до фудбалерите е јасна – точноста и дисциплината се задолжителни, без исклучоци!