Дома Фудбал Трансфер-магија на Челси: Потроши дури 421 милион, а заврши во плус!

Трансфер-магија на Челси: Потроши дури 421 милион, а заврши во плус!

Челси конечно го реализираше трансферот на Енцо Фернандез во Манчестер Сити, а токму овој потег на лондонскиот клуб му овозможи да ја „испегла“ финансиската сметка и да го заврши трансфер периодот со профит.

„Сините“ беа исклучително активни на трансфер пазарот ова лето и за доведување нови играчи потрошија дури 421 милион евра.

На Стемфорд Бриџ пристигнаа:

  •     Морган Роџерс – 138 милиони евра
  •     Максенс Лакроа – 61 милиони
  •     Марко Палестра – 57 милиони
  •     Жоао Кенда – 51 милиони
  •     Валентин Барко – 40 милиони
  •     Емануел Емега – 26 милиони
  •     Пеп Чаварија – 19 милиони
  •     Денер Алвеш – 10 милиони
  •     Емилијано Мартинес – 9 милиони
  •     Дени Велбек – 6 милиони
  •     Дастан Сатпајев – 4 милиони

Меѓутоа, поради огромните инвестиции за засилувања, Челси мораше да најде начин преку продажба на играчи да надомести за потрошените пари и да ја зачува финансиската сметка под контрола.

Пред Аргентинецот, Стемфорд Бриџ го напуштија и:

  •     Андреј Сантос – 56,3 милиони евра
  •     Николас Џексон – 55,5 милиони
  •     Марко Кукуреља – 55 милиони
  •     Лијам Делап – 52,5 милиони
  •     Трево Чалоба – 30 милиони
  •     Тајрик Џорџ – 21 милион
  •     Дејвид Вашингтон – 16 милиони
  •     Марк Гију – 15 милиони
  •     Беноа Бадиашиле – 3 милиони (позајмица)
  •     Давид Датро Фофана – 2,5 милиони

Кога ќе се соберат сите бројки, Челси ова лето од продажба на играчи заработи дури 446,8 милиони евра.

Тоа значи дека лондонскиот клуб, и покрај тоа што за засилувања потроши вртоглави 421 милион, трансфер периодот го заврши со профит од 25,8 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека е Миленко во клубот, Комити ќе го бојкотираат Вардар!

Навивачката група „Комити“ донесе одлука да ги бојкотира натпреварите на ФК Вардар, а бојк…